Се добива впечаток дека „победниците“ во Студената војна одлучија целиот свет да го скројат по своја мерка, изјави претседател на Русија, Владимир Путин коментирајќи ја политиката на САД.
„Таканаречените победници во Студената војна одлучија 'да ја довршат работата', т.е. целиот свет да го прекројат исклучително по своја мерка во склад со своите интереси. Штом им пречи овој систем на меѓународни односи и меѓународно право, т.е. системот на одвраќање и противтежа, веднаш прогласија дека овој систем е непотребен и застарел, па треба да се демонтира“, изјави Путин на 11 конференција во Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“, а пренесува РИА Новости.
„Убеден сум дека не треба да се растура овој систем на 'одвраќање и противтежа', кој со тешкотии, а понекогаш и со маки е создаван во последниве децении. Во секој случај, не треба ништо да се растура додека претходно не се изгради нешто друго што би послужило како замена. Во спротивно, не би останале никакви други инструменти освен грубата сила“, изјави Путин.
„Требаше да се изврши разумна конструкција. Системот на меѓународни односи требаше да се прилагоди на новите реалии. Меѓутоа, САД самите себеси се прогласија за победник во Студената војна и самоуверено мислат дека сето тоа едноставно не е потребно“, изјави Путин.
Според зборовите на претседателот на Русија, наместо да биде воспоставен нов баланс на сили како неопходен услов за поредокот и стабилноста, преземени се спротивните чекори, и тие доведоа до нагло јакнење на дисбалансот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче