Путин го објасни растот на патриотизмот во Русија

Владимир Путин смета дека во тешки времиња народот се сплотува.

Одговарајќи на прашањата за време на одржување на меѓународниот дебатен клуб „Валдај“ во Сочи, Владимир Путин го спореди растот на патриотизмот во Русија со аналогниот процес во САД после терористичкиот напад на 11 септември.

„Што се однесува до патриотизмот - да, постои. Тој се појави во САД, се појави и кај нас. Луѓето чувствуваат опасност“, изјави претседателот.

Тој забележа дека во „САД после 11 септември исто така луѓето почувствувале опасност, која ги сплотила околу раководството на државата, а раководството требало адекватно да реагира на тоа ново ниво на доверба“.

„Не сметам дека сѐ беше направено коректно. И еве сега, колку време помина од праќањето на војската во Авганистан? Колку загуби има? А сега коалицијата сака и да се повлече... Што ќе се случува таму понатаму, не е јасно“, додаде Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.