Официјалниот претставник на американскиот Стејт департмент, Џен Псаки изјави дека САД не сакаат конфронтација со Русија, но нема да одат на компромиси околу принципиелните прашања, соопштено е на интернет-страницата на Стејт депатментот.
Ден претходно претседателот на Русија одржа говор за време на заседанието на клубот „Валдај“ во Сочи.
„Ние, секако, ги слушнавме тие коментари. САД не сакаат конфронтација со Русија, но ние нема да одиме на компромис за принципите на кои се основа безбедноста во Европа и Северна Америка“, изјави таа.
Притоа, според нејзините зборови, САД и Русија можат да работат заедно над многу прашања, такви како намалувањето на нуклеарниот потенцијал и уништување на сириското хемиско оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче