Лавров: Осло се приклучи кон санкциите под притисок од надвор

Рускиот министер забележа дека страните ја потврдија обостраната заинтересираност за развој на руско-норвешките односи.

Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Норвешка се приклучила кон европските санкции против Русија поради притисок од надвор, пренесува РИА Новости.

„Односите (меѓу Русија и Норвешка) трпат притисок поради тоа што Норвешка се приклучи кон едностраните мерки кон Руската Федерација, и тоа се приклучи поради, како што сметаме, причини кои доаѓаат надвор од земјата“, изјави Лавров после преговорите со својот норвешки колега Берге Бренде.

Рускиот министер забележа дека страните ја потврдија обостраната заинтересираност за развој на руско-норвешките односи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња