Владата на Шведска реши да се откаже од воената соработка со Русија и да не го продолжува рокот на планот за заеднички активности меѓу двете армии.
„Тоа означува дека соработката меѓу шведските воени сили и Русија е прекинато“, се кажува во проектот на буџетот на Шведска“, пренесува ТАСС.
На почетокот на неделата голем одек во јавноста имаше информацијата за можната појава на руска подморница во територијалните води на Шведска. Министерството за одбрана тврди дека нема никакви подморници ниту проблеми со истите во водите на Шведска.
Потоа беше коментирано дека претставниците на вооружените сили на Шведска, преку изјавите за „руската подморница“, се обиделе да ја зголемат сумата која се изделува од буџетот за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче