Шефот на администрацијата на рускиот претседател, Сергеј Иванов изјави дека Русија ќе ја тужи Франција ако условите за испорака на „Мистралите“ не бидат почитувани. Руската страна ќе бара компензација за ненавременото исполнување на обврските, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.
„А дали ќе биде или нема да биде исполнет договорот, тоа треба да го решава Париз, а не Москва“, забележа тој.
Според неговите зборови, Русија и Франција имаат „добри односи, и не би сакал моменталните несогласувања да бидат причина за долгорочните заемни интереси“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче