Путин: Западот поддржа навлегување на меѓународни терористи во Русија

Според мислењето на рускиот претседател, едностраниот диктат на САД носи само до ескалација на конфликтите.

Западот информациски и финансиски го поддржа навлегувањето на меѓународни терористи во Русија од државите во Централна Азија, изјави претседателот на Русија, Владимир Путин за време на конференцијата на Меѓународниот дебатен клуб „Валдај“, пренесува РИА Новости.

„Можеби исклучителноста за САД и тоа како тие го реализираат своето лидерство, - тоа можеби е за доброто на сите? А нивното апсолутно вмешување во сите работи во светот носи мир, благосостојба, прогрес, процут и демократија? Ќе дозволам да кажам дека тоа не е така“, подвлече претседателот на Русија.

„Едностраниот диктат и наметнување на своите шаблони носи само спротивен резултат. Наместо да се регулираат конфликтите - доаѓа до нивна ескалација. Наместо суверени, стабилни држави - расте хаосот. Наместо демократија - се поддржуваат сомнителни групи, од отворени неонацисти до исламски радикали“, изјави тој. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња