Меркел ја повика ЕУ да помогне на Украина во плаќањето на рускиот гас

Според нејзините зборови, Европската унија треба да обезбеди финансирање на испораките гас за Украина во периодот од ноември до февруари.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Европската унија да ѝ помогне на Украина во плаќањето на испораките на руски гас во периодот од ноември до февруари, подвлекувајќи дека Брисел не гледа неопходност за укинување на санкциите против Москва, пренесува порталот vz.ru.

„Неопходно е да се обезбеди транзициско финансирање“, изјави Меркел после првиот ден од самитот на ЕУ во Брисел, на кој се разговараше за гасниот конфликт меѓу Русија и Украина, пренесува Deutsche Welle.

Според зборовите на Ангела Меркел, треба да се обезбеди финансирање на испораките на гас во периодот од ноември до февруари, а во февруари Украина ќе добие од Меѓународниот монетарен фонд нов пакет помош, во кој ќе учествува и Европската унија. Таа додаде дека Русија „има добар изговор“ за да бара „припејд“ плаќање на гасот. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња