Иванов: Русија повеќе нема да ја спонзорира Украина

Тој додаде дека Русија нема ништо против доколку долговите на Украина ги плати некој друг.

Русија повеќе нема намера да плаќа за испораките на гас во Украина, но не е против ако гасот биде платен од друга држава, изјави шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Сергеј Иванов, а пренесуваат руските медиуми.

„Ние сме против тоа. Ние тоа нема да го правиме. Кој ќе го направи тоа, не нѐ интересира“, појасни Иванов.

Исто така, тој додаде дека Русија не треба да биде спонзор на Украина. „Ние во последниве 20 години ја спонзориравме економијата на Украина со стотици милијарди долари“, забележа шефот на администрацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња