Европската унија останува најголем трговски партнер на Русија

ЕУ и понатаму најмногу тргува со Русија.

Европската унија и понатаму е водечки трговски партнер на Русија - дури и после воведувањето на санкциите, изјави Сергеј Иванов, шеф на администрацијата на претседателот на Русија, а пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Самоизолацијата на Русија не е можна, како ниту самата изолација: ние никогаш не сме се стремеле и нема да се стремиме кон самоизолација“, изјави Иванов, одговарајќи на прашање на „Газета.ру“.

Според податоците на Иванов, после воведување на санкциите, обемот на трговија меѓу Русија и Европската унија продолжува да ги надминува трговските размени со било која друга држава или група држави, вклучувајќи ја и Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња