Економските проблеми, предизвикани од санкциите против Москва, како и мерките кои ги презеде Кремљ како одговор на нив, намалувањето на цените на нафтата и падот на курсот на рубљата - не му пречат на рускиот бран патриотизам во земјата, пишува The Washington Times. Изданието посветува внимание и на растот на цените на основните прехранбени продукти, кои предизвикале „финансиска вртоглавица“ на милиони обични граѓани на Русија.
Конкретно, цените на месото пораснаа во септември за 17%, млечните продукти - 16%, овошјето и зеленчукот - за 6%, додава весникот, додавајќи дека растот на инфлацијата изнесува 8%, што е највисоко ниво во последните три години. Освен тоа, во првите девет месеци од 2014 година одливот на капитал од Русија достигна 85 милијарди долари, се кажува во статијата.
На фонот на економските тешкотии со кои се судри Русија, во државата се забележува и појава на бран патриотизам, што посебно се забележува во анкетите кои се извршени досега.
Претходно „Фондот за општествено мислење“ објави дека рејтингот на претседателот на Русија, Владимир Путин достигнал историски максимум и изнесува 71%. Исто така, соопштено е дека дејноста на шефот на државата ја одобруваат 87% од Русите.
Претходно канадските медиуми напишаа дека падот на курсот на рубљата и економијата која се наоѓа на работа на рецесија - не им пречат на Русите да го сакаат претседателот Владимир Путин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче