Западните политичари кои „воведуваат санкции и се надеваат дека на тој начин ќе ја поделат земјата ниту најмалку не ја разбираат нејзината суштина, нејзините темели и принципи“. Ваквото мислење го изнесе првиот заменик на шефот на администрацијата на претседателот на Русија, Вјачеслав Володин за време на затворениот состанок со учесниците на меѓународниот дебатен клуб „Валдај“, пренесува ИТАР-ТАСС.
„Сѐ додека е Путин, ќе постои и Русија. Без Путин ја нема ни Русија“, изјави Володин. Според неговите зборови, граѓаните на Русија сега нападите врз претседателот ги доживуваат како напади на својата земја и на сопствената личност.
Володин како пример за тоа ја наведе последната опсежна анкета на Фондот за јавно мислење. Според резултатите на анкетата, курсот на претседателот го поддржуваат 84% од граѓаните, а преку 65% од анкетираните не гледаат кој друг би можел да биде кандидат на претседателските избори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче