Шведска продолжува со барањето на руската подморница

Швеѓаните не се откажуваат од барањето на „руската подморница“.

Шведска и понатаму ја продолжува операцијата за пронаоѓање на руската подморница покрај бреговите на Стокхолм, соопштува The Local.

„Хеликоптерите, бродовите и повеќе од 200 морнари од минатиот петок бараат 'објект создаден од човекот' во водата на површина од 30 до 50 квадратни километри покрај шведскиот главен град“, се кажува во соопштението.

Според зборовите на претставниците на вооружените сили на Шведска, некои бродови кои учествувале во барањето веќе се вратиле во пристаништето. Притоа, тој додаде дека станува збор за „нова фаза“, а не за откажување на операцијата.

И покрај сите напори досега и широката јавна резонанса која во општеството ја има оваа вест, вооружените сили на Шведска досега не можеа да откријат во своите територијални води ниту една подморница. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња