Шефот на „Роснефт“, Игор Сечин изјави дека производството на нафта од оваа компанија изнесува 5,1 милиони барели дневно, пренесува ТАСС.
„Производството на 'Роснефт' достигнува 5,1 милиони барели дневно, што го надминува производството на многу други големи нафтени држави“, изјави тој на третиот Евроазиски форум во Верона.
Според неговите зборови, компанијата веќе ги поседува најголемите крајбрежни ресурси во светот.
„Нам ни припаѓаат околу 20% од крајбрежните ресурси во светскиот океан, односно 25,5 милијарди дони нафта и 25 трилиони кубни метри гас“, изјави Сечин.
Вкупниот обем на докажани резерви на „Роснефт“ изнесува 122 милијарди барели.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче