Федералната вселенска агенција заедно со Руската академија на науки подготвува месечева програма, според која Русија оперативно ќе работи да ги заземе најперспективните делови на Месечината, пишува весникот „Известија“.
„Веќе во првата половина на 21 век ќе се појави соперништво и натпревар меѓу вселенските држави за поседување на најдобрите места на Месечината, каде ќе може да се создадат идните истражувачки станици. Месечевите „плацеви“ ќе се избираат според критериумот на најголема изложеност на светлина и поседување на резерви замрзната вода“, се кажува во документот.
Освојувањето на Јужниот пол на Месечината треба да се изврши во три етапи. На месечевиот полигон се планира да се постават станици за мониторинг на земјата, како и станици за новите космички медицинско-биолошки средства за подготовка на експедициите на Марс.
„Практичната реализација на програмата за освојување на Јужниот пол на Месечината со користење на автоматски и пилотирани средства ќе дозволи да се определат важните технологии кои ќе треба да се разработат за сите идни вселенски мисии“, се кажува во документот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче