Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров смета дека нема никаква смисла да се прогнозираат роковите на завршување на украинската криза, пренесува коресподент на „Газета.ру“.
Тој забележа дека најдобро е да се концентрираат силите на исполнување на минските договори.
„Сметам дека нема никаква перспектива прогнозирањето, туку концентрирањето на она што може да се направи - а тоа е исполнувањето на минските договори“, изјави Лавров.
Исто така, тој забележа дека исполнувањето на минските договори оди со тешкотии и дека Киев продолжува да внесува тешка воена техника на истокот на државата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.