Во Русија има доволно откриени извори на нафта за да се обезбедат 600 милиони тони „црно злато“ во текот на следните 30 години, изјави министерот за природни ресурси на Русија, Сергеј Донској.
„Откриените резерви се доволни за да се обезбедат 600 милиони тони нафта годишно во следниве 30 години“, изјави Донски. Исто така, тој подвлече дека во последниве осум години во Русија има дополнителни акции за пронаоѓање нови наоѓалишта на нафта.
„Во последниве осум години ние бараме нови извори. И покрај тоа, околу 80% од експлоатацијата доаѓа од места кои се поврзани со инфраструктура. Секако, тоа е важен декл за производството и клучен елемент за задоволување на потребите“, изјави тој.
„Без нови наоѓалишта не можеме во полна мера на долгорочен план да ги замениме 10% наоѓалишта од кои сега добиваме 85% од нафтата и гасот“, додаде министерот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче