Русија воведува забрана за испорака на месо од Молдавија

Русија го пополнува списокот на забранети производи за увоз од Молдавија.

Федералната руска агенција за фитосанитарна и ветеринарна контрола ќе воведе забрана за испорака на месо од молдавските претпријатија од 27 октомври, пренесува ТАСС, повикувајќи се на изјавата на шефот на Агенцијата, Сергеј Данкверт.

„На 27 октомври ќе ги затвориме границите за сите месни производи од Молдавија“, изјави тој, додавајќи дека причината за тоа се резултатите на инспекциите во Молдавија.

Според неговите зборови, за време на проверките биле откриени случаи на испорака на непроверено месо преку територијата на Молдавија.

Претходно Русија го забрани увозот на зеленчук и овошје од Украина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.