Министерството за индустрија и трговија на Русија изјави дека РФ ќе испорача во Индонезија 15 авиони Sukjoi Superjet 100 во следните три години, пренесува „Газета.ру“.
„Наскоро ќе донесеме решение за испорака на претходно нарачаните авиони, како и склучување договор за испорака на 15 нови авиони во следните три години. И понатаму ќе остваруваме контакти и ќе создаваме нови со новите партнери“, изјави Денис Мантуров, министер за индустрија и трговија на Русија.
Претходно беше соопштено дека банката Внешекономбанк издала кредит за финансирање на три авиони Sukhoi Superjet 100 и нивна испорака во Индонезија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче