Русија ќе инвестира 25 милијарди долари во железничката инфраструктура на Северна Кореја

Северна Кореја ќе ги модернизира своите железнички пруги.

Министерот за развој на Далечниот Исток на Русија, Александар Галушка изјави дека Русија планира да инвестира 25 милијарди долари во железничката инфраструктура на Северна Кореја, пренесува ТАСС.

Според договорите кои неодамна беа постигнати, паричните средства треба да бидат потрошени за модернизација на 3,5 илјади километри железнички пруги во Северна Кореја. Проектот го носи името „Победа“. Галушка забележува дека за Северна Кореја реализацијата на овој проект ќе дозволи не само да се изврши реконструкција и модернизација на транспортната инфраструктура, туку и да се модернизираат рудниците.

Од руска страна учество ќе земе компанијата „Мостовик“. „Планираме да изградиме современ систем железнички патишта кои одговараат на највисокото ниво на безбедност во светот“, ја коментираше информацијата генералниот директор на компанијата, Олег Шишов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња