Федералната вселенска агенција на Русија ќе прекине со испораките во Украина на моторот РД-171М, кој се користи во ракетата „Зенит“, пишува весникот „Известија“.
Ова решение е поврзано со финансиските тешкотии на украинското претпријатие „Јужмаш“.
„Сметаме дека нема смисла да испорачуваме опрема за ‘Зенитите’, сѐ додека украинското претпријатие не плати за истата. А претпријатието, во суштина, е банкрот“, изјави извор во вселенската агенција.
Според зборовите на изворот, украинското претпријатие „Јужмаш“ нема средства за лансирање на ракетата која треба да лансира украински сателит.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.