Новак: не е познато од каде ќе го плаќа Украина гасот од Русија

Според Новак, гасот најверојатно ќе го плаќаат европските организации.

Прашањето за изворот на финансирање и плаќање на гасот кој Украина ќе го добива од Русија уште е нејасен, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на министерот за енергетика на Русија, Александар Новак.

„Не се познати и количините гас кои ќе ѝ требаат на Украина во рамките на 'припејд' режимот во ноември-декември годинава. Исто така, не е решено прашањето за плаќање на овие испораки, т.е. финансиските ресурси кои ќе се користат за тоа“, забележа Новак.

Според мислењето на Новак, гасот за Украина може да го платат европските банки, т.е. европските институти за развој како ЕБРР, Европската инвестициска банка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.