Медиуми: Американски бизнисмени бараат Русија да се исклучи од СТО

Американските бизнисмени тврдат дека Русија не ги исполнува своите обврски пред СТО.

Во Трговското претставништво на САД (USTR), задолжено за надворешнотрговска политика на земјата, голем број претставници од американскиот бизнис побараа Русија да се исклучи од Светската трговска организација (СТО), или времено да ѝ бидат укинати преференциите, јавува порталот vz.ru.

„Во јавните дебати се зборуваше за системот преференции во СТО и за тоа дали има смисла да се исклучува Русија од тој систем“, изјави Сецилија Клајн, директорка на USTR за прашања околу СТО. „На дебатите присуствуваше цела низа претставници од деловните асоцијации кои изјавија дека Русија не ги исполнува своите обврски во рамките на СТО, и дека поради тоа треба да биде исклучена“.

„Штом биде составен годишниот извештај, ќе биде испратена жалба во Конгресот на САД и дирекцијата на СТО, а таа ќе се упати и на руската страна, со предлог да се внесат измени и да се поправат грешките“, пренесува весникот „Известија“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња