Лансиран уште еден телекомуникациски сателит од Бајконур

Утрово сателитот ја започна орбитата околу Земјата.

Вчера од космодромот Бајконур беше лансирана ракетата-носач „Протон-М“ со забрзувачкиот блок “Бриз-М“. Во ракетата се наоѓа рускиот телекомуникациски сателит „Експрес АМ6“. Ова го соопшти РИА Новости, повикувајќи се на претставник од Роскосмос.

„Лансирањето се одржа во 19:09 часот по московско време. Одделувањето на забрзувачкиот блок „Бриз-М“ се случи во 4:31 часот на 22 октомври“, изјавено е во Роскосмос.

Претходното лансирање на ракетата „Протон“ се одржа на 16 мај. Ракетата-носач требаше да го изведе на орбита најмоќниот телекомуникациски сателит на Русија „Експрес АМ4Р“, но поради дефект на третото ниво на ракетата, откажа моторот за наведување, после што ракетата и сателитот согореа во густите слоеви на атмосферата над територијата на Кина. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња