ДНР најави испорака на јаглен на Крим

Претходно беше соопштено дека Украина ги прекина испораките на јаглен во Русија.

Самопрогласената Донецка народна република (ДНР) изјави дека е подготвена да започне со испораки на јаглен на Крим, пренесува ТАСС. Ова го изјави првиот вицепремиер на републиката, Андреј Пургин.

Според неговите зборови, на Крим му требаат големи количини јаглен. „Прашањето е само во логистиката – дали ќе биде пропуштен во Украина“, изјави Пургин.

Претходно беше соопштено дека Украина ги прекина испораките на јаглен во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.