Централна банка на Русија: Западот ќе ги укине санкциите во средината на 2015 година

Основното сценарио на Централната банка на Русија предвидува укинување на западните санкции кон средината на 2015 година.

Основното сценарио на Централната банка на Русија предвидува укинување на западните санкции кон средината на 2015 година, изјави првиот заменик претседател на ЦБ, Сергеј Швецов, а пренесува ТАСС.

Тој додаде дека во моментов рубљата практично слободно флуктуира. Освен тоа, Централната банка е принудена да го разгледа прашањето за зголемување на каматната стапка поради новосоздадената економска ситуација.

Според неговите зборови, после воведување на режим на слободно флуктуирање на руската валута, операциите со интервенции од Централната банка ќе бидат заменети со рефинансирање на банките со девизи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња