Во авионска несреќа во Русија загина претседателот на француската компанија Total

Несреќата се случи синоќа пред полноќ.

Францускиот концерн Total ја потврди смртта на шефот на компанијата, Кристоф де Маржери во авионската несреќа која се случи синоќа на московскиот аеродром Внуково. Ова го објави во вторникот Франс Прес.

„Во патниот список беа регистрирани четири патници од Франција, од кои еден е Кристоф де Маржери“, изјави извор за агенцијата.

Претседателот на компанијата се наоѓал во рускиот главен град на службено патување. Во авионот од марката Dassault Falcon се наоѓале четворица - де Маржери, двајца пилоти и стјуардеса. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња