Шведската армија не ја потврди информацијата за откривање на руската подморница

Според податоците на Вооружените сили на Шведска, тие не можат да ги донесат „истите заклучоци за руската подморница кои ги донесоа медиумите“

Нема никаква информација за тоа дека во водите на Стокхолмскиот архипелаг може да се наоѓа руска подморница која има претрпено некаков дефект, изјавено е во Министерството за одбрана на Шведска, пренесува РИА Новости.

„Од информацијата која е денес достапна на Вооружените сили не може да се донесе заклучок каков што донесоа медиумите за руската подморница. Вооружените сили немаат никаква информација или СОС комуникација“, се кажува во објавените материјали.

Општо земено, во материјалите не се зборува само за руската подморница, туку и за операциите на шведските Воено-морски сили, започнати во петокот на 17 октомври поради сомневање за подводна активност од страна на друга држава недалеку од шведскиот брег. Воените лица извршуваат пребарување во реонот на Стокхолмскиот архипелаг со примена на оптичка опрема. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.