Руските инспектори ќе извршат воздушно набљудување над територијата на САД во рамките на Договорот за отворено небо, изјави в.д. началникот на националниот центар за намалување на нуклеарната опасност, Сергеј Забело.
Ова ќе биде триесет и трети по ред лет на Русија над териториите на државите-учеснички од договорот во 2014 година, пренесува РИА Новости.
„Во рамките на реализацијата на меѓународниот Договор за отворено небо, руската група инспектори планира да изврши воздушно набљудување со авионот Ту-154М Лк-1 над територијата на САД. Летот ќе се исполни во периодот од 20 до 25 октомври 2014 година од аеродромот Тревис во сојузната држава Калифорнија. Максималниот радиус на летот ќе изнесува 4.250 километри“, изјави Забело.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче