Полска може да ги протера руските дипломати од државата поради кризата која се разгоре меѓу двете држави поради шпионскиот скандал. Ова за телевизискиот канал TVP2 го изјави премиерот на Полска, Ева Копач.
Според нејзините зборови, протерувањето на дипломатите е „стандардна пракса“ во слични ситуации.
Решението за протерување може да биде донесено на 21 октомври. Бројот на дипломати кои ќе бидат протерани не се соопштува.
Претходно Полска соопшти дека се уапсени „двајца руски шпиони“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче