Научниците од Русија и Словенија создадоа нов метод за лекување на ракот

Новиот метод треба да дојде до пациентите не покасно од две години.

Научниците од Русија и Словенија создадоа нов метод за лекување на ракот кој не предизвикува развој на отпорност на организмот кај пациентите, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на Сергеј Псахје, член-кореспондент на РАН.

„Тоа се сосема нов приод во борбата со ракот. колегите од Институтот Џозеф Стефан во Словенија сметаат дека создадените материјали треба да се искористат во терапијата за засилување на дејството на веќе постојните препарати за хемотерапија. Според нивната оценка, при таквото комбинирано лечење дозата на хемопрепарати може да биде намалена за 20-30 пати“, изјави Псахје.

Според неговите зборови, новиот метод ќе дозволи лекување на ракот на кожата, цревата, јазикот и други видови. „Современиот човек станува отпорен кон лекарствата и антибиотиците, а со овој метод организмот не може да развие таква отпорност“, забележа научникот.

Новиот метод треба да дојде до пациентите не покасно од две години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија