Руските власти подготвуваат целосна забрана за купување на увозна авиотехника и металуршка продукција, како и тешка машинерија од страна на државните компании, пишува весникот „Комерсант“, повикувајќи се на податоци од Министерството за трговија и Министерството за економски развој на РФ.
Министерството за трговија, според информацијата на весникот, веќе подготви „општа директива“ за државните компании за забрана на купување увозни производи, освен за оние кои немаат аналог во Русија. Забраната се однесува и на металуршките производи, тешката машинерија и автомобилската техника.
Изворот за весникот изјави дека мерката ќе се однесува на организациите, во кои државата е сопственик на повеќе од 50% од акциите. Документот, според податоците на весникот, треба да стапи на сила до крајот на годината.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче