Смртта на шефот на француската нафтена компанија Total, Кристоф де Маржери е голема трагедија, смета поранешниот министер за финансии на Русија, Алексеј Кудрин.
„Маржери направи многу за приливот на странски инвестиции во Русија. Ова е тешка трагедија“, напиша тој на својот Твитер.
Малиот авион Falcon на кој леташе Маржери доживеа несреќа во ноќта во вторникот на московскиот аеродром Внуково. Како резултат на несреќата загинаа четворица. Се смета дека причина за несреќата е судир со машина за чистење снег на пистата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче