Германската разузнавачка служба BND пресмета дека Русија може да се спротивставува на западните санкции неколку години, соопштува Deutsche Welle, повикувајќи се на Bild am Sonntang.
Според податоците на германското разузнавање, финансиските резерви на Русија во моментов изнесуваат 619 милијарди долари, што е 162% од сумата на државните расходи годинава. Тоа означува дека Русија со тие средства би можела да живее 20 месеци.
Исто така, BND смета дека поради нискиот долг на државата (13% од БДП) и големите финансиски резерви, Русија може да ги трпи санкциите без поголеми последици во текот на следниве четири години.
Според податоците на Централната банка на Русија, на 1 октомври 2014 година меѓународните девизни резерви на Русија изнесувале повеќе од 454 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче