Франција испрати експерти за испитување на авионската несреќа во Внуково

Француското биро за истрага на авионски несреќи испрати во Москва експерти за да ги разгледаат околностите околу авионската несреќа во московскиот аеродром Внуково, соопштува РИА Новости.

Француското биро за истрага на авионски несреќи испрати во Москва експерти за да ги разгледаат околностите околу авионската несреќа во московскиот аеродром Внуково, соопштува РИА Новости.

Во авионот кој синоќа доживеа несреќа се наоѓаше еден патник - претседателот на нафтената компанија Total, Кристоф де Маржери и тројца членови на екипажот. Нема преживеани.

Во моментов на местото на несреќата се наоѓа шефот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин. Истражниот комитет ќе излезе со официјална информација за несреќата во текот на денешниот ден.

Владимир Путин веќе изрази сочувство поради смртта на Кристоф де Маржери.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња