Шведската потрага по „руската подморница“ се одвива како во деновите на студената војна, пишува The Telegraph. Како што забележува весникот, во операцијата се ангажирани „стотици шведски морнари, пилоти и нуркачи“.
Претходно Министерството за одбрана на Русија изјави дека нема никаква руска подморница во водите на Шведска. Исто така, соопштено е дека шведските воени лица не можат да ги потврдат известувањата од одредени медиуми дека во нивните води има руска подморница која има потреба од помош.
Потрагата по „таинствената руска подморница“ е операција од размери кои не се видени од времето на „студената војна“, пренесено е во статијата на англискиот весник. Изданието го насочува вниманието кон тоа дека во последните месеци Русија веќе многупати е критикувана поради нарушувањата на воздушното пространство на Шведска.
Од своја страна, пак, The Financial Times пишува дека „ловот“ во Шведска по странската подморница ја зголемува напрегнатоста во Балтичкото море и ги враќа сите умови во времето на „студената војна“. Освен тоа, весникот забележува дека операцијата е тест за новата шведска влада, кој има негативно мислење за членството во НАТО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче