Од што најмногу умираат мажите во Русија?

Министерката за здравство на Русија ги обзнани причините за смртноста кај Русите.

Алкохолот е главна причина за смртта на руските мажи. Жените во Русија најмногу умираат од мозочни и срцеви удари, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на министерот за здравство на Русија, Вероника Скворцова.

„Кај мажите надворешните причини се најмногу поврзани со високата смртност - особено користењето алкохол и несреќите предизвикани од него. Истовремено, кај жените на прво место се заболувањата на крвните садови - срцевите и мозочните удари“, изјави Скворцова за време на средбата со претседателот Путин.

Исто така, министерката забележа дека демографската ситуација во Русија се подобрува. Според зборовите на Скворцова, растот на населението во последните осум месеци изнесува 19.000 лица, додека во истиот период минатата година беше забележан пад од 6.600.

Средниот живот век кај жените во Русија е 77,2 години, додека кај мажите - 65,6 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња