Лавров смета дека заладувањето на односите меѓу Русија и САД ќе биде долготрајно

Според Лавров, светот се менува, а за Американците тешко е привикнувањето кон новите реалии.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј лавров изјави дека периодот на заладување на односите меѓу САД и Русија ќе биде долготраен, пренесува кореспондент на „Газета.ру“.

„Заладувањето во односите ќе биде долго, и не поради тоа што украинската криза ќе потрае подолго, туку поради едностраните санкции“, изјави Лавров.

Според Лавров, трајноста на овој процес потекнува од реконфигурацијата на местото на Американците во современиот свет, осознавањето на тоа дека после децении финансиска и политичка моќ нешто треба да се менува - и тоа зазема време. „Но процесот е во тек...“, појасни шефот на МНР на Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња