Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека Вашингтон не се обидува да ја регулира ситуацијата во Украина, туку и понатаму ја користи ситуацијата во таа држава „за да ѝ го покаже местото на Русија“, пренесува РИА Новости.
„Што и да прави Русија, тие обиди нема да прекинат, бидејќи главно за нив не е да се реши состојбата во Украина, туку да се искористи Украина како средство за надразнување на односите меѓу Русија и Европа, како и за да 'ѝ се покаже местото на Русија во светот'“, изјави тој.
Министерот забележа дека влошувањето на односите меѓу Москва и Вашингтон достигна ново дно и дека не се гледаат обиди за подобрување.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче