Украина може да ја искористи помошта на ММФ за плаќање на рускиот гас

Украинскиот претседател даде информација за тоа кој ќе го преземе плаќањето на долгот за гас.

Украина може да прибегне кон помошта на ММФ за да го покрие дефицитот на средства за купување гас од Русија. Ова го соопштува РИА Новости, повикувајќи се на претседателот на Украина, Петро Порошенко.

 „Имаме неколку различни варијанти, почнувајќи од средствата на меѓународниот монетарен фонд, кои ќе бидат искористени за таа цел, па сѐ до средствата на меѓународните финансиски организации кои ќе го поддржат дефицитот на ‘Нефтогас’“, забележа Порошенко.

Претходно Порошенко изјави дека зиме државата ќе биде обезбедена со гас по цена од 385 долари за илјада кубни метри. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња