Русија од 21 октомври ќе го надополни списокот за забрана на увоз од ЕУ

Русија дополнително ќе го прошири списокот за забрана за увоз од ЕУ.

Од 21 октомври Русија ќе забрани увоз на говедски субпродукти од државите на Европската унија во Русија, пренесува „Интерфакс“ повикувајќи се на шефот на Федералната агенција за фитосанитарна и ветеринарна контрола, Сергеј Дакверт.

„Од 21 октомври ќе воведеме ограничување за увоз во државата на говедски субпродукти и друга продукција која не се најде во списокот од август“, изјави тој.

Тој забележа дека во последниве два месеца беа забележани 17 случаи на откривање штетни материи, антибиотици во говедските субпродукти кои доаѓаат од шест држави на ЕУ.

„Ние не добивме соодветни одговори на нашите прашања и објаснување поради откриените штетни материи во увезените продукти“, подвлече Данкверт. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња