Порошенко изјави дека зимава неговата земја ќе добива руски гас

Украинскиот претседател изјави дека Украина ќе биде обезбедена со руски гас.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко изјави дека зимава неговата држава ќе биде обезбедена со испораки на руски гас, поточно до 31 март 2015 година, за цена од 385 долари за илјада кубни метри гас, соопшти прес-службата на украинскиот претседател.

„После завршувањето на консултациите, можам да кажам: Украина ќе има гас, Украина ќе биде стоплена. Тоа заклучокот на вчерашните договори“, изјави тој, зборувајќи со новинарите од украинските телевизиски канали.

Според неговите зборови, руската страна инсистирала на цена од 385 долари за илјада кубни метри гас во текот на целата година. Порошенко бара цена од 325 долари за половина година, и цена од 385 долари за другата половина од годината. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња