Шефот на МНР на Русија, Сергеј Лавров изјави дека целта на западните санкции е да ја натера Русија да ја промени својата позиција по клучните прашања, а не да ја регулира кризата во Украина.
„Нашите партнери, кои воведоа санкции против нас, не скриваат дека целта на овие мерки не е Украина. Во суштина нивните изјави и постапки постојано поминуваат низ вистинската цел на рестрикциите – да се трансформира Русија, да се промени нејзината позиција по клучните прашања за прашањата кои се принципиелни за нас, а со тоа да се натера да се прифати позицијата на Западот“, изјави министерот во интервју за телевизискиот канал НТВ.
Според зборовите на Лавров, таквото однесување е нешто „од минатиот век, минатата епоха, тоа е колонијално размислување“.
Министерот подвлече дека западните политичари не зборуваат за промена на режимот во Русија, „иако некои од маргиналците во Европа одвреме-навреме изјавуваат за тоа“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче