Во Русија се одржа презентација на градот Струмица

Градот Струмица беше претставен пред раководството на градот и претставници од бизнис секторот.

На 16 октомври во градот Електростаљ допатува делегација од Македонија, на чело со градоначалникот на град Струмица, Зоран Заев, претседателот на Советот на пратениците на општината, Јосиф Христов, како и други членови од Советот. Тие ги посетија најголемите претпријатија во рускиот град, ја посетија новата детска градинка „Лучик“ во градот, гимназијата број 17 и други објекти.

Во петокот членовите на делегацијата се сретнаа со претставници од бизнисот, културни, младински и спортски организации. Тие извршија средби и со раководителите на градот и администрацијата на градот.

Градоначалникот на Електростаљ, Андреј Суханов му се заблагодари на Зоран Заев за прифаќањето на поканата за посета на градот, напомнувајќи дека меѓу Струмица и Електростаљ беше потпишан договор за побратимување и пријателски односи во 2013 година, за време на посетата на руската делегација во Струмица. Андреј Александрович се осврна и на пријателските односи меѓу Македонија и Русија и врската меѓу двата словенски народа.

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев му се заблагодари на Андреј Суханов за можноста да го посети градот. „Нашата делегација е импресионирана од виденото“, забележа градоначалникот на Струмица. Уверени сме дека потпишувањето на договорот за соработка беше правилен чекор. Радосни сме што Македонија има можност да соработува со Русија“.

За време на средбата со градоначалникот на Електростаљ се одржа презентација на градот Струмица, после што раководителот на македонската делегација одговори на прашањата на присутните за историјата, формирањето на градот, економската и младинската политика, бизнисот и дури и цените на еден квадратен метар станбен простор во градот.

Делегацијата од Македонија ќе престојува во рускиот град Елестростаљ до понеделник. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња