Руски политиколог: Германија реши да ја претвори Украина во свој земјоделско-ресурсен додаток

Според мислењето на Михаил Ремизов, заблуда е мислењето дека Германија има полојална позиција кон Русија.

Впечатокот дека Германија, во споредба со другите европски држави, зазема полојална позиција кон Русија – е целосна заблуда. Ова мислење го искажа политикологот Михаил Ремизов, претседател на Институтот за национална стратегија. Оваа изјава ја даде после изјавата на портпаролот на Владимир Путин, Дмитриј Песков. За средбата меѓу Путин и Меркел во Милано Песков изјави дека лидерите на двете држави „имаат сериозни разлики околу украинската криза“, пренесува vz.ru.

Ремизов напомна дека во последните неколку години Берлин играше активна улога во украинската политика, што силно се рефлектираше во периодот после Мајдан 2014, а особено за време на промената на власта во киев.

„Од руска гледна точка моменталното раководство на Германија има одговорност за тоа што се случи во Украина. Раководството носи одговорност за апсолутната неконструктивна позиција која беше формирана од Брисел околу прашањето за евроасоцијацијата на УкраинаЊ, забележа политикологот.

„Во еден момент германското раководство реши да си поигра геополитика и ја претвори Украина не во своја сфера на влијание, туку во земјоделско-ресурсен додаток“, изјави Ремизов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња