Путин изјави дека „топката е на страната на Јапонија“ околу прашањето за нормализирањето на односите

Путин очекува Јапонија да го направи следниот чекор за подобрување на односите меѓу двете земји.

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека иницијативата за продолжување на билатералните контакти меѓу Јапонија и Русија сега се наоѓа на страната на Јапонија. Ова тој го изјави за време на конференцијата за печатот во Милано.

„Ние сме подготвени да ги продолжиме односите со нашите јапонски пријатели, но „топката сега е на страната на Јапонија“. Јапонија практично ги замрзна сите контакти на политичко ниво. Тоа не е наш избор“, изјави Путин.

Шефот на руската држава го поврза развојот на односите со државите во Азиско-Тихоокеанскиот регион со развојот на економиите, а не со политиката.

„Би било глупаво да не се искористи економскиот раст на Кина или високите технолошки можности на Јапонија“, појасни Путин.

Дополнително Путин забележа дека Русија би можела да стане посредник при разрешавањето на конфликтите меѓу двете Кореи. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.