Русија е во состојба самостојно да ја произведува сета воена техника, но понекогаш тоа не е исплатливо економски, изјави заменикот министер за одбрана на Русија, Јуриј Борисов.
Откако годинава САД и ЕУ воведоа санкции против неколку руски претпријатија од сферата на одбраната и се најдоа под знак прашалник испораките на Мистралите од Франција, Русија се реши да го реши проблемот со воениот увоз со тоа што потребата од истиот ќе го елиминира.
„Некои кажува дека руската индустрија без испораките на техника од Украина ќе биде малку побавна, дека нема да ги исполниме плановите... Не, ќе ги исполниме плановите. Верувајте, руската индустрија е во состојба да произведе сѐ што треба. Понекогаш тоа економски не е исплатливо, но во услови на заострување на политичката ситуација мора да се сетиме и на прашањето за технолошката безбедност – тоа е најважно прашање“, изјави заменикот министер за одбрана во етерот на телевизискиот канал „Русија 24“.
Според неговите зборови, Русија се реши да го замени воениот увоз „за да не ги укине плановите и да не ја стави армијата и индустријата во нестабилна ситуација“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче