Кинескиот премиер Ли Кечијанг изјави дека неговата земја веќе донела одлука со Русија да основа заедничко претпријатие за производство на течен природен гас во градот Тјенчинг, и воедно, изрази задоволство поради напредокот во соработката меѓу Москва и Пекинг во оваа област.
Според зборовите на Ли Кечијанг, фактот дека Москва им овозможи на компаниите да пристапат до наоѓалиштата на територијата на Русија „е показател на високото ниво на односи меѓу Кина и Русија“, пренесува vz.ru.
„Денес, кога во енергетиката се користат нови технологии и кога цената на енергенсите не е стабилна, многу е важно ние со заеднички сили да се спротивставите на ризиците“, изјави Ли Кечијанг.
Русија и Кина за време на средбата на премиерот Дмитриј Медведев со Ли Јкечијанг на 13 октомври потпишаа договор за испорака на руски природен гас по т.н. источна мартшрута (гасоводот “Силата на Сибир“).
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче