Киев се согласи да плаќа по 385 долари за илјада кубни метри гас

Познати се детали за зимските испораки гас од Русија во Украина.

Украина и Русија на преговорите во Милано ги разгледаа и усогласија повеќето спорни прашања за „зимскиот план“ околу испораките на гас: цена од 385 долари за 1.000 кубни метри, испорака при плаќање однапред и рок за исплата на долгот, изјави за новинарите шефот на Министерството за енергетика на Русија, Александар Новак.

„За основните прашање ние постигнавме договор – за цената на испораката во зимскиот период, за условите на плаќање и за рокот за исплата на долгот. Сега останува прашањето Украина да ги именува изворите за плаќање на долгот и гасот кој ќе биде испорачан“, изјави Новак.

За цената на рускиот гас, министерот Новак изјави: „Цената изнесува 385 долари и таа е веќе договорена“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња