Подморницата „Нарвал“, од времето на Првата светска војна, произведена во 1911 година во Санкт Петербург, пронајдена е во Црното море во близина на кримскиот брег 100 години откако истата потона.
Подморницата е пронајдена на самиот излез од заливот во Севастопољ. Уште од 1975 година познато е дека на тоа место се наоѓа некој потопен објект, но тогашното ниво на развој на технологијата не овозможи определување на деталите. После распадот на СССР, Украина немаше средства за истражување на дното, а киевските власти не ѝ дозволија на Русија да ги изврши истражувањата, пренесува порталот „Вести.ру“.
Соработниците во музејот на Црноморската флота изјавија дека „Нарвал“ е неверојатен пронајдок. Во целиот свет зачувани се многу малку пловила од тој период.
Подморницата „Нарвал“ за прв пат исплови од Николаев во 1915 година. После усоешните борби во составот на морнарицата на Русија, таа премина под контрола на Германците, а потоа беше преземена од сојузничките сили. Потона во 1919 година во близина на Севастопољ додека во неа немало екипаж.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче